Според неофицијални информации од терен до кои дојде „360 степени“, до сообраќајната несреќа дошло откако патничко возило удрило во полициско возило кое во моментот било паркирано на автопатот додека полициски службеници вршеле увид за друг случај
Поради сообраќајна несреќа автопатот од Куманово кај бензинската пумпа на „Макпетрол” во насока кон граничниот премин „Табановце“ од 21 часот вечерва е затворен за сообраќај.
Според неофицијални информации од терен до кои дојде „360 степени“, до сообраќајната несреќа дошло откако автомобил удрил во полициско возило кое во моментот било паркирано на автопатот додека полициски службеници вршеле увид за друг случај.
Непотврдени информации велат дека полицијата вршела увид окако жена паднала од надвозникот на автопатот.
Од МВР засега нема официјални информации за тоа што се случило и последиците.
Увидот за сообраќајката е во тек, а повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Освен оваа, попладнево во земјава се случи уште една сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Од жртвите еден е македонски, а другиот – норвешки државјанин.