Полицијата во местото Оксфорд, во американската сојузна држава Охајо објави видео снимено со камера поставена на униформата на полицаец од патрола која интервенирала по пријава дека во една куќа во тек е забава.

Како што се гледа од видеото, полицаецот го прашува домаќинот дали знае зошто се повикани, на што тој му одговара дека најверојатно дека се собрани повеќе луѓе. Кога полицаецот почнува да му објаснува дека поради заштита од ширење на ковид се забрнети поголеми соборање, добил одговор од кој се вчудоневидел:
„Сите тука сме позитивни на ковид“,
одговорило момчето.
Потоа полицаецот прашува зошто не се во 14-дневна изолација како што предвидува законот, на што не добил одговор.

Сите кои биле присутни на забавата се соочуваат со парична казна од 500 долари.
Дваесетмината присутни на забавата се студенти на Универзитетот Мајами, каде од почeтокот на академската година се регистрирани над 1 000 студенти позитивни на ковид.
Гувернерот на Охајо Мајк ДеВајн на брифинг за локалните медиуми изјавил дека бројот на случаи со ковид во Мајами е причина зошто во земјата е воведено трето ниво на здравствена тревога.
Универзитетот најави дека ќе продолжи со наставата на 21 септември. Но раководството предупреди дека оној студент кој нема да се тестира, нема да може физички да присутвува на предавањата и ќе мора да ги следи онлајн.
Поврзана вест: