Катерина Спасовска, инфектолог од Клиниката за инфективни болести во дебата на „360 Степени“ зборуваше за опременоста на лекарите и на клиниката за справување со новиот коронавирус.
„Во моментов клиниката е соодветно снабдена за лична заштита на персоналот затоа што тоа е најважно. Колку подолго персоналот си го задржиме во функција, тоа апсолутно ќе може да им помогне и на пациентите. Персоналот е сосема солидно обучен за користење на мерките за лична заштита, таа ни е достапна и сега за сега функционираме подготвено за Ковид-19“,
рече Спасовска.
Таа зборуваше и за употребата на скафандерите, велејќи дека тие се препорачуваат само за интервенции кои генерираат аеросоли.
„Ако кај пациентите е потребна интубација, ако е потребна аспирација на тие респираторни секрети механички да се вади… така што во зависност од актуелната ситуација може да седиме подолго во скафандер или не. Но, секако со маската н-95, со ракавици и со мантил влегуваме кога правиме вообичаена визита кај пациентите. Тие се материјал за еднократна употреба, па при секое напуштање на просториите кадешто се болните тие се диспонираат“,
рече Спасовска.