Попладнево се случи сообраќајна несреќа на автопатот на излезот од Скопје кон Куманово кај населбата Илинден. Според она што може да се види на терен, во несреќата учествувале неколку возила. Едно од нив излетало надвор од коловозот. Засега нема детали за настанот зашто од полицијата велат дека сè уште ги прибираат првичните информации.
Македонија