На градскиот плоштад имаше организирано културно-уметничка програма на која учесниците со чадори и со црвено-црна облека го направија албанското знаме и напишаа Тетово

Со марш на околу 1 500 ученици, како и културно-уметничка програма, денеска во Тетово беше одбележан 28 ноември – Денот на албанското знаме.
Во маршот на учениците учествуваше и градоначалникот Биљал Касами со семејството, а на градскиот плоштад имаше организирано културно-уметничка програма на која учесниците со чадори и со црвено-црна облека го направија албанското знаме и напишаа Тетово.
Порталот „Тетово инфо“ објави видео на кое се гледа како млади момчиња со албански знамиња на грбот јаваат коњи по тетовските улици.
