Силно невреме погоди големи делови од јужна Германија предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат евакуирани со хеликоптер, пренесе Дневник.хр.
Во областа на баварскиот град Аугсбург, жителите мораа да бидат евакуирани поради дефект на насип и брана, соопштија властите.
Поради поплавите, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу главниот град на Баварија, Минхен, Брегенц во Австрија и Цирих во Швајцарија.
Update zum Wehr#Hochwasser pic.twitter.com/lX5hrZp46M
— Bummibaer ? ?? (@MrBummiBinBaer) June 1, 2024
Во прекин беше и линијата меѓу Улм и Аугсбург, а меѓуградските возови на релација Штутгарт-Минхен беа пренасочени. Жителите на баварскиот град Фишах, западно од Минхен, биле изнесени со хеликоптер од своите домови откако се излеа реката Шмутер.
„Мештаните инаку не можеа да ги напуштат своите домови“, изјави портпаролката на окружните власти. Според полицијата, службите за итни случаи со чамци ќе ги спасуваат луѓето од поплавените домови. Неколку соседни области прогласија вонредна состојба бидејќи дождот продолжува да паѓа и нивото на водотеците расте. Во сојузната покраина Баден Виртемберг, западно од Баварија, ситуацијата брзо се влоши откако реката Ротум почна да се излева на неколку места.
FLOOD THOSE DUMBS.
— Jack Straw (@JackStr42679640) May 17, 2024
Massive flooding has been reported today in Saarwellingen, Germany, following abnormal rainfall.
WW3INFO/Jack pic.twitter.com/RQmIV2Zs21
Во малиот град Рајнштетен, 150 припадници на службата за итни случаи работат повеќе од 22 часа за да ја ублажат поплавата што се случи по пукањето на браната, изјави градоначалникот Филип Буеркл за ДПА. Буеркл рече дека противпожарните служби од блиската област испумпуваат вода од визбите и дистрибуираат вреќи со песок. Досега е евакуиран само еден дом за стари и изнемоштени лица во кој престојувале 15 лица.
На околу 55 километри северно, властите во малиот град Визенштајг, им наложија на 2 100 жители да ја превриваат водата пред употреба откако водата од поплавите навлезе во локалната водоводна мрежа.
Училиште во селото Мекенбеурен, во близина на езерото Констанца, мораше да биде евакуирано откако локалната река ги проби вреќите со песок поставени околу него.
Германската метеоролошка служба најави дека невремето и натаму ќе трае со 80 литри дожд на квадратен метар. Невремето се очекува да продолжи и во остатокот од викендот.
*Насловна фотографија: принтскрин