Две последователни експлозии се случија денеска во либанскиот главен град Бејрут, при што повредени се голем број луѓе и нанесена е огромна штета.
Една од експлозиите се случила на градското пристаниште, а била почувствувана и на неколку километри оддалеченост. Дел од медиумите пренесуваат дека дека се работи за експлозија на брод кој пренесувал запаливи материјали. Другата експлозија била во градот.
На снимките се гледа густ чад од експлозијата на пристаништето, а локалните жители пријавиле и штети во домовите.