Според кинеската државна телевизија, во потресот, кој бил регистриран во раните утрински часови, 13 згради се урнале или имаат оштетувања
Најмалку две лица загинале, а повеќе од 7 000 се евакуирани од градот Лиуџоу, откако земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина, јавуваат светските агенции. Според Ројтерс, операциите на надлежните служби за пребарување и спасување се во тек, а властите соопштија за прекини во прекини во сообраќајот, додека траат проверките на патната и железничката инфраструктура во регионот.

Државната кинеска телевизија Си-си-ти-ви (CCTV) и новинската агенција Ксинхуа објавија дека се потврдени два смртни случаи, додека едно лице се води како исчезнато. Дополнително, се наведува дека четири лица биле хоспитализирани, но, според првичните извештаи, кај ниту едно не се констатирани повреди опасни по живот.
Според кинеската државна телевизија, во потресот, кој бил регистриран во раните утрински часови, 13 згради се урнале или имаат оштетувања.
Надлежните власти, исто така, предупредиле за можни прекини во сообраќајот додека се проверува состојбата со железничката инфраструктура во регионот погоден од земјотресот.
Комуникациските мрежи, далноводите за електрична енергија и системите за снабдување со вода и гас во погодената област се во исправна состојба и нивната работа се одвива нормално, објавија кинеските државни медиуми, пренесе Ројтерс.
