Возило од марката „Цитроен Ц3“ во движење се запали на раскрсницата пред Железничка станица во близина на зградата на поранешен „Неоком“.
Во возилото имало две лица кои успеале навремено да излезат од автомобилот неповредени, а граѓаните кои биле затекнати на местото се обиделе да помогнат и да го изгаснат пожарот со противпожарни апарати, пренесе „Слободен печат“.
Противпожарните служби пристигнаа да го изгасат пожарот, додека возилата од Аеродром кон центар беа пренасочени кон улицата која води кон мостот „Беласица“.