Камион со тетовски регистарски таблички се преврте утрово околу 6:30 часот на автопатот Тетово-Скопје во близина на натпатникот за селото Добарце.
Според информации од СВР Тетово, возачот на камионот, од засега неутврдени причини, изгубил контрола над возилото по што се превртело.
Возачот Ф.А (48) од Порој и совозачот Б.З. (29) од Селце се здобиле со повреди и се префрлени во тетовската Клиничка болница. Неофицијално, тие се во стабилна состојба.
На самото место увид извршила екипа на СВР Тетово. Се работи на утврдување на причините и околностите во кои се случила сообраќајната несреќа.
Сообраќајот на местото се одвива забавено и по една коловозна лента.