На видеото објавено на платформата Икс се гледа како голем авион паѓа кон земјата и експлодира. Причината за несреќата сè уште не е позната
Руски воен транспортен авион „иљушин ИЛ-76“ се урнал во руската област Белгород, објави Ројтерс повикувајќи се на информации на руското Министерство за одбрана.

Според Си-ен-ен, во рускиот воен авион имало 74 лица.
„Руските новински агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана, јавија дека 65 од лицата во авионот биле украински војници кои биле транспортирани во Белгород пред размената на затвореници“,
пренесува Си-ен-ен.
На видеото објавено на платформата Икс се гледа како голем авион паѓа кон земјата и експлодира. Причината за несреќата сè уште не е позната.
???Russian military plane crashes in Belgorod region, many feared dead
— EUROPE CENTRAL (@europecentrral) January 24, 2024
Note–raw video update#Russia #planecrash #Belgorod #BreakingNews #JUSTIN pic.twitter.com/HyGKtSd7cL
ИЛ-76 е воен транспортен авион дизајниран да носи товар, воена опрема и оружје.
Кремљ одбил да коментира за несреќата.
Како што пишува Си-ен-ен, портпаролот Дмитриј Песков рекол дека ова е сосема нова информација и дека сè уште не можат да дадат официјални детали.
Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјавил дека истражен тим и вработени во Министерството за вонредни ситуации во моментов работат на местото на настанот.
„Го сменив распоредот за работа и отидов во областа каде што е урнат авионот. Сите детали ќе ги оставиме за подоцна“,
рекол тој.
Гладков рече дека авионската несреќа се случила во областа Корочански во регионот Белгород, североисточно од градот Белгород.