Вовк изнајмила стан во истата зграда во која живеела Дугина за да собере информации за нејзиниот начин на живот. Наводно користела „мини-купер“ со кој влегла во Русија со регистарски таблички на НР Доњецк, додека во Русија при враќањето во Украина користела казахстански и украински таблички
Федералната служба за безбедност на Русија објави видео со осомничената за убиството на Дарија Дугина. На видеото кое го објавија руските медиуми се гледа како таа влегува во Русија, се вселува во истата куќа со жртвата и по убистото заминува за Естонија.
Според истиот извор се работи за Наталија Вовк, со моминско презиме Шабан, 43-годишна Украинка која претходно служела во Националниот баталјон Азов.
The Ukrainian terrorist who killed #DariaDugina is Natalia Vovk, née Shaban, a member of the nazi battalion “Azov”. She fled to Estonia on Aug 21. Does Estonia intend to shelter a terrorist? Rhetorical question. pic.twitter.com/ptjrEbmpe7
— Laura Ru (@LauraRu852) August 22, 2022
На видеото, најпрво се гледа како Вовк ја отвора хаубата на автомобилот, а косата и е светла. Потоа, на следната снимка се гледа како таа влегува во зградата на Дугина, но како бринета, исто како што изгледа и кога ја напушта Русија по убиството.
Вовк изнајмила стан во истата зграда во која живеела Дугина за да собере информации за нејзиниот начин на живот. Наводно користела мини-купер со кој влегла во Русија со регистарски таблички на НР Доњецк, додека во Русија при враќањето во Украина користела казахстански и украински таблички.
Новинарката и политиколог Дарија Дугина беше убиена вечерта на 20 август, кога бомба закаќена на нејзиниот автомобил експлодира додека се возела на автопатот Можајскоје во областа Одинцово во Московската област.
Истражниот комитет отвори истрага за кривично дело „Убиство извршено на општо опасен начин“.
ФСБ утврдила дека злосторството го подготвиле и извршиле украинските специјалци, а сторител е Наталија Вовк, која на 23 јули со својата 12-годишна ќерка влегла во Русија и изнајмила стан во куќата во која живеела Дугина.
Вовк извесно време ја следешела Дугина, за што користела „мини купер“, на кој трипати менувала броеви.
На денот на убиството, таа и нејзината ќерка биле на книжевно-музичкиот фестивал „Традиција“, а откако Дугина го напуштила настанот, нејзиниот теренец „тојота ленд крузер прадо“ експлодира. После тоа, Вовк и девојчето заминале за Естонија.