Британски премиер Риши Сунак за прв пат го посети Киев, ветувајќи дека ќе ја продолжи цврстата поддршка за Украина што беше во фокусот на неговите претходници, а истовремено најави и нов пакет помош за воздушна одбрана против руските беспилотни летала
Риши Сунак, британскиот премиер, денеска во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и тоа беше прва средба на двајцата лидери.
Британски премиер Риши Сунак за прв пат го посети Киев, ветувајќи дека ќе ја продолжи цврстата поддршка за Украина што беше во фокусот на неговите претходници, а истовремено најави и нов пакет помош за воздушна одбрана против руските беспилотни летала.
„Британија знае што значи да се бориш за слобода. Ние сме со вас цело време“,
напиша Сунак на Твитер.
Сунак, исто така, рече дека Велика Британија ќе обезбеди нов пакет воена помош во вредност од 50 милиони фунти, кој вклучува противвоздушно оружје и технологија како радар за спротивставување на напади со беспилотни летала. Лондон, исто така, истакна дека ќе ја засили обуката на украинските војници.
„Додека украинските вооружени сили успеваат да ги потиснат руските сили на теренот, цивилите се брутално бомбардирани од воздух. Денеска обезбедуваме нова воздушна одбрана, вклучително и противвоздушно оружје, радарска и противдрон опрема и ја засилуваме хуманитарната поддршка за студената, тешка зима што претстои“,
додаде Сунак.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од средбата и ја поздрави континуираната поддршка од Лондон.
„Со пријатели како тебе покрај нас, ние сме уверени во нашата победа. И двете земји знаат што значи да се бориш за слобода“,
напиша Зеленски на Твитер.