Директорот на украинските железници Олександр Камшин на Телеграм напишал дека е погодена железничката станица во градот Краматорск кај Донецк
Две ракети погодиле железничка станица на исток во Украина додека била во тек евакуација на цивили. Тамошните медиуми пренесуваат дека бројот на жртви е поголем од 30.
Според првичните извештаи, ракетите ги упатила руската војска.
„Две руски ракети погодија железничка станица во Краматорск. Има над 30 жртви“,
информираат од железничката станица.
Русија засега не ги коментираше извештаите за нападот и за бројот на жртви.
Украинскиот гувернер на Донецк, Павао Кириленко, рекол дека околу илјада цивили се наоѓале на станицата обидувајќи се да се евакуираат од војната во оваа земја.
Трите возови што евакуираат цивили се блокирани во тој регион на Украина по воздушниот напад, додаваат од железничката станица.
Претседателот на украинските железници Олександр Камшин на Телеграм напишал дека е погодена железничката станица во градот Крематорск во Донецк.
Градското собрание на овој град ги предупреди граѓаните да останат во своите засолништа.
Украински функционери тврдат и дека руските сили се прегрупираат за нова офанзива, како и дека Москва планира да освои што е можно повеќе територии во регионот на Донбас, кој се граничи со Русија.
Локалните власти во поединечни области апелирале цивилите да заминат од зоната за борбени дејствија додека тоа е возможно и евакуацијата да се направи релативно безбедно.