Пригожин дури во септември призна дека е основач на групата „Вагнер“, која одигра голема улога во обидите на Русија да го освои источниот украински регион Донбас
Евгениј Пригожин, првиот човек на руската платеничка група „Вагнер“, се согласува со споредбата со контроверзниот монах Распутин, кој го лекувал принцот Романов од хемофилија, но забележува дека неговата задача не е да го запре крвавењето туку да ја пролее крвта на непријателите на Русија. Весникот „Фајненшл тајмс“ изминатиот викенд објави дека влијанието на Пригожин во Кремљ расте и го спореди со монахот Григориј Ефимович Распутин, кој имал големо влијание врз сопругата на последниот руски цар, Николај Втори.
Пригожин дури во септември призна дека е основач на групата „Вагнер“, која одигра голема улога во обидите на Русија да го освои источниот украински регион Донбас.
„Не сум многу запознаен со историјата на Распутин, но, колку што знам, негова голема заслуга е што користел магии за да го запре крвавењето на принцот. За жал, јас не го запирам крвавењето. Јас ја пролевам крвта на нашите непријатели за нашата татковина. И тоа не го правам со магија туку со директен контакт со нив“,
рече Пригожин во коментарот на написот во британскиот весник, пренесе неговата служба за односи со јавноста.
Во новото видео, Пригожин се гледа како ги предупредува регрутите за бруталната природа на борбите во Соледар. Така на снимката се слуша дека Сталинград е одмор во споредба со Соледар.
Пригожин мисли на битката за Сталинград, една од најкрвавите битки во Втората светска војна, која се одвиваше на крајот на 1942 година и почетокот на 1943 година. Германците на крајот не успеаја да го освојат Сталинград, а нивниот пораз се смета за една од пресвртниците во Втората светска војна. Се проценува дека во битката кај Сталинград загинале околу 2 милиони луѓе.
Пригожин заявил, что по сравнению с Соледаром “Сталинград отдыхает”.
— Проф. Преображенский (@prof_preobr) January 23, 2023
Буквально так и сказал.
Распространите.
Пусть все слышат, что реально думает путинский режим. pic.twitter.com/tj5OSFR6U7
Паравоената група „Вагнер“ дејствува во многубројни африкански земји, главно во борбата против бунтовниците. Во последниве месеци, на видеа, Пригожин се обидува да ги мотивира затворениците од руските казнено-поправни установи да им се придружат на неговите борци во Украина.
Пригожин, како и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, уште еден активен поддржувач на руската агресија против Украина, е силен критичар на „воената, бирократската и деловната (руска) елита која, според него, го предава претседателот Владимир Путин со млак и неспособен пристап кон војната“, пишува весникот.