Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, на својот Фејсубк профил објави видео на кое се гледа како новиот пратеник од ДУИ, Арбен Зибери, инаку внук на Насер Зибери (кандидатот на ДУИ за премиер), нервозен излезе од Собранието и на излегување со џипот удри во металната рампа.
Зибери е недостапен за медиумите, додека се пишува дека во ДУИ има превирања поради изборот за кадри во новата влада и со тоа е загрозено парламентарното мнозинство. Според ТВ Алсат-М, вчерашната седница на Централниот совет на ДУИ ја бојкотирале пратениците од Чаир и Сарај, Изет Меџити и Арбен Зибери, а незадоволство од поделбата на ресорите имало и во Струга. Двајцата пратеници наводно најавиле дека нема да учествуваат во гласањето на Талат Џафери за претседател на Собранието и на новата влада.
Уште нема сигнали дали денеска ќе продолжи конститутивната седница со резибор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Од СДСМ за „360 степени“ велат дека ДУИ не е проблемот, но немаа одговор зошто не се закажува седницата, иако се најавуваше уште синоќа.