Пожарот се доближил многу блиску до одморалиштата поради што во текот на ноќта биле евакуирани голем број туристи, но и жителите од областа, пренесуваат албанските медиуми

Ситуацијата со пожарот во едно најпосетуваните летувалишта во Албанија, пристанишниот град Шенѓин, е влошена во текот на ноќта поради неговото ширење што е предизвикано од ветерот.
Пожарот се доближил многу блиску до одморалиштата поради што во текот на ноќта биле евакуирани голем број туристи, но и жителите од областа, пренесуваат албанските медиуми.
Пожарникарите во текот на ноќта интервенирале во гаснење на пожарот, а утринава е вклучен и хеликоптер.
„И по интервенцијата со хеликоптер беше невозможно целосно да се изолираат пожарите кои поради силниот ветер во текот на ноќта повторно се активираа во некои области на планината над Шенѓин“,
објавија медиумите.
Полицијата го блокирала патот што води кон туристичката област Рана и Хедхун за да избегне опасност за жителите и туристите.
На терен се 20 противпожарни возила од повеќе градови, Леже, Мирдита, Камза, Тирана и Берати Фиери, Лушња, Вау и Дејс и Скадар.
Министерот за внатрешни работи Таулант Бала вели дека ситуација е исклучително тешка и ризикот е сè уште висок.
Пожарот на планината над Шенѓин е активен од 28 јули.