Запален е магацин или друг простор на Јужен Булевар. Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија, вели Ангелов
Голем пожар изби попладнево во објект на Јужен Булевар кај местото „Рампа“, во скопската населба Кисела Вода. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат дека е запален магацин или друг простор кај бараките во близина на Пазарната инспекција.

„Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку“,
вели директорот на ДЗС , Стојанче Ангелов.

Од ДЗС велат дека на терен се екипи на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кои интервенираат на гаснење на пожарот.
