Од пред Владата протестот ќе продолжи со марш до Министерството за правда, а ќе заврши пред Собранието
Седми ден по ред вечерва од пред Владата под мотото „Ултиматум не, благодарам“ започна протест против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.
Според најавите, исто како и претходните денови од Владата протестот ќе продолжи со марш до Министерството за правда, а ќе заврши пред Собранието.