Репортерите на „360 степени“ од терен пренесуваат дека паднала внатрешната дрвена конструкција во една од куполите
Околу 10:30 часот почна гасењето на пожарот во Универзалната сала.
Поради отежнатиот пристап кон објектот, пламените јазици ги гаснат пожарникари со помош на кран. Како што објави ЦУК, гори една од куполите на Универзалната сала.
Репортерите на „360 степени“ од терен пренесуваат дека паднала внатрешната кровна дрвена конструкција во една од куполите.
На местото на настанот, како што јавуваат новинарите на „360 степени“, пристигнало и возило на итната медицинска помош. Засега нема информации за повредени.
Во околината на Универзалната сала се насобра поголема група граѓани.
На местото на настанот се присутни министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Сите приоди кон Универзалната сала се затворени за сообраќај.