Во пожарот кој избувна во вторникот изгореа големи површини на маслинови насади, уништени се голем број пчелини кошници, како и други култури што се одгледуваат на овој простор, а општината и нејзините жители претрпеа огромни штети кои допрва треба да се проценат
Во општина Неум е прогласена состојба на природна катастрофа поради големиот пожар што во вторникот ја опустоши неговата околина.
Одлуката се однесува на населените места Поџабла, Броќанац, Праовице и Прапратница, пренесува нова.рс, повикувајќи се на агенцијата Срна.
#Neum – požar u neumskom zaleđu pic.twitter.com/hjWaUBR95H
— Bljesak.info (@Bljesak) August 3, 2022
Во пожарот изгореа големи површини на маслинови насади, уништени се голем број пчелини кошници, како и други култури што се одгледуваат на овој простор, а општината и нејзините жители претрпеа огромни штети кои допрва треба да се проценат.
Состојбата на теренот се смири по тридневното непрекинато гаснење во кое учествуваа локални противпожарни единици, бројни мештани, противпожарни единици од соседните општини и градови, а на крајот и хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, кој пристигна на вториот ден од пожарот.
Пожарот избувна во вторникот во попладневните часови на поширокото подрачје на Неум, пожар зафати борова шума, поради што е блокиран патот кај единствениот приморски град во Босна и Херцеговина, поточно влезот во градот од правец на Столац.
„Апокалипса, Господ нека ни е на помош“,
објавија тогаш на фејсбук-страницата од противпожарната служба на Неум.