Голем проблем е и тоа што пожарот дошол до куќите, па во овој момент приоритет на пожарникарите е одбраната на домовите
Во попладневните часови на поширокото подрачје на Неум, пожар зафати борова шума, поради што е блокиран патот кај единствениот приморски град во Босна и Херцеговина, поточно влезот во градот од правец на Столац.
Според првите информации од теренот и тврдењата на професионалната противпожарна единица Неум, пожарот се проширил на голема површина и го отежнува гаснењето.
„Апокалипса, Господ нека ни е на помош“,
се вели во објавата на фејсбук-страницата на ПВЈ Неум.
Според информациите од Цивилната заштита Неум, пожарот на овој простор избувнал во 10 часот утринава во близина на селото Градац, а пожарот зафатил трева и ниска вегетација.
Голем проблем е и тоа што пожарот дошол до куќите, па во овој момент приоритет на пожарникарите е одбраната на домовите.
Пожарот во Неум е само еден од многуте што во последниот период беа активни на подрачјето на Херцеговина.
Во последните неколку недели, пожарникарите низ целиот регион на Херцеговина гаснеа низа пожари, вклучувајќи го и оној кај Борачки Језера, Блидиње, но и во областа на источна Херцеговина, каде ситуацијата беше особено тешка во областа на Билеќа.
Во меѓувреме, пожарникарите во Црна Гора се борат да го стават целосно под контрола пожарот што утрово избувна кај Херцег Нови.