Имаме илјадници случаи и кривични пријави и за говор на омраза, но не се процесуираат. Истото се случува сега и со случајот со „Јавна собра“, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
Пировска во вечерашното издание на „360 степени“ зборува за тоа дека бројни случаи заглавуваат во Основното јавно обвинителство и остануваат без разрешница.
„Ние и минатата година кога се обративме до Министерството за внатрешни работи со материјали прибавени од жртвите од ‘Јавна соба’ добивме известување дека го процесуирале предметот до Основно јавно обвинителство и таму се застанува. И секогаш така се случува и со нашите пријави за говор на омраза. Невозможно е толку време да се судираме со вакви феномени и да не се најде начин како да се справиш и да го докажеш кривичното дело и да ги санкционираш сторителите“,
вели Пировска.
Таа додава дека едно од барањата на најавениот протестен марш за в среда, ќе биде и дополнување на Кривичниот законик со дело – сексуално вознемирување на интернет.
„Тоа не постои во моментов во Кривичниот законик, но тоа не значи дека со сегашната регулатива дека не можат да докажат кривично дело. Сетоа ова што се случува, ни се случува поради неказнивост на сторителите на ваквите кривични дела“, вели
Пировска.