Бугарскиот премиер потврди дека вчера бил сослушан во полиција поради што беше одложена владината седница
Бугарскиот премиер Кирил Петков, во видеопорака објавена и на неговиот фејсбук-профил, изјави дека апсењата на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, и портпаролката на Борисов, Севдалина Арнаудова, покажуваат дека никој не е над законот.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков во пораката кажува дека европското обвинителство во моментов ја истражува злоупотребата на европските фондови и средства. Но, тој праша каде е бугарското обвинителство и дали конечно ќе застане на страната на бугарскиот народ.
„Мојата улога е да им дадам целосна слобода на сите тела да дејствуваат во согласност со своите законски овластувања. Никој не треба да се плаши од вистината! Само без страв од недопирливите Бугарија може навистина да се промени“,
додаде Петков.
Бугарскиот премиер потврди дека вчера бил сослушан во полицијата поради што беше одложена владината седница.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, од Стара Загора каде што е во посета рече дека нема да се меша во работата на органите на прогонот, но правдата нема да надвладее додека судот не донесе одлука.