Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, во интервју за „360 Степени“ ја коментираше изјавата на еврокомесарот Вархеји за потребата од донесување на законот за јавното обвинителство.
„Формален услов ние немаме после чистата препорака и одлуката на советот, меѓутоа имајќи предвид дека владеењето на правото е континуиран бенчмарк за прогрес на европскиот пат, можеме да го интерпретираме и така. Иако не е црно на бело пишан услов, но бидејќи е толку многу навлезено во перцепцијата на земјите членки дека е тоа важно, некако станува многу важно да ни го олесни патот за започнување на преговори оваа пролет“,
вели Османи.
Ако не се донесе закон до распуштањето на парламентот, какви се шансите?
„Би ризикувале многу да им дадеме алиби на земји членки кои се и така скептични на процесот, а со донесување на законот едноставно би ги затвориле сите можности процесот да не се затвори“,
вели Османи.
Османи вели дека и Франција и Холандија се фиксирани на потребата од донесување на овој закон и покрај тоа што предметите и обвинителите од СЈО се префрлени во редовното обвинителство.
Сепак, потребата од изнаоѓање на консензус за прашањето за борба против корупција од високо ниво е многу важно во перцепцијата на земјите членки. Бидејќи тука нема само супстанца, има и симболика, дека постигнавме консензус, со двотретински закон, дека корупцијата на високо ниво ќе биде предмет на таргетирање во наредниот период. Перцепцијата е многу важна во политиката и во одлучувањето“,
вели Османи