Со Постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџиак, зборувавме за тоа што е „новото нормално“ во коронакризата, каква помош агенциите на ОН и пружија на земјава, какви се анализите на Светската организација за идниот период и дали се прават планови за спречување на слични ситуации.
Кога ќе се споменат Обединетите нации во контекст на кризата со ковид-19, првите впечатоци во однос на Северна Македонија се Светската здравствена организација (СЗО) и купување респиратори. Дали сум во право?
СЗО е водечката здравствена организација и дефинитивно беше активна – присутна е во земјава повеќе од 20 години, но и беше активна околу ковид-19 уште од почетокот на јануари во делот на подготовки и одговор. Нашето пошироко ОН семејство беше вклучено во делот на набавка на дел од итната медицинска помош. Значи, дополнително на СЗО, која беше активна од самиот почеток – доставувајќи тестови за ковид-19 и многу други материјали, доста добро ги координиравме останатите агенции на ОН со владата, со Министерството за здравство, со Секретаријатот за европски прашања. Во делот на опремата што ја набавуваме, се разбира граѓаните се најинформирани за респирараторите и за опремата за лична заштита и притоа имаме тим од агенции на ОН – УНОПС, УНДП, УНИЦЕФ, УНФПА и СЗО кои координирано соработуваа со министерството за здравство за набавка на овие значајни производи за справување со ковид-19.
Сега зборуваме за помош од ОН за итни медицински мерки, но што е со вклучувањето на ОН во долгорочното олеснување на ефектите од коронавирусот?
Исто така, почнавме да работиме и на социо-економските ефекти и во суштина нашата работа е одблиску да соработуваме со нашите партнери во делот на ранливите групи, работодавачите и работниците, во разните аспекти на кризата. Како што реков, тоа го правиме на координиран начин со Министерството за труд и социјала и со останатите инволвирани министертства. Но, дефинитивно дека како ОН, со техничка експертиза во разни области, директно соработуваме со нашите партнери. На пример, Организацијата за храна и земјоделство директно соработува со Министерството за земјоделство… Има многу индустриски гранки во земјава кои се погодени од кризата – земјоделство, текстилна идустрија.. Правиме социо-економска проценка обидувајќи се да добиеме податоци и факти за да може да подготвиме соодветен одговор.
Безмалку сите анализи велат дека ковид-19 ќе биде присутен во наредните месеци, па и години. Оттука, како „новото нормално“, според ОН, би требало да изгледа?
Мислам дека имаме можност да го дефинираме „новото нормално“. Она што се случуваше во изминаите месеци ги натера луѓета да размислат за начинот на кој работат. Оние кои не беа навикнати да работат од дома мораше да изнајдат начин за тоа да го прават – да работат од дома, да бараат дигитални решенија и во земјава, и без тоа, многу се зборуваше за дигитализација. Сега имавме неколку месеци да видиме што тоа навистина значи, а тоа значи дека имаме можност да видиме со какви се предизвици се соочивме во обидите да бидеме креативни и да ги сочуваме бизнисите и функционирањето на останатите делови од општеството. Испитувавме разни дигитални решенија и сега може да кажеме што функционирало, а што не и да го редифинираме тоа што е „новото нормално“. Исто така, во овој период јавноста многу внимание посвети на загадувањето зашто многу индустрии се затворија и сообраќајот се намали – и авионскиот и патничкиот и затоа видовме промена во делот на загадувањето. Имаше разни начини за поттикнување на граѓаните да престанат да користат автомобили и транспорт. Земјава веќе имаше висок процент на граѓани кои со велосипеди доаѓаат на работа, но во други делови од светот има начини за охрабрување на луѓето кои се двоумат дали да користат јавен траснпорт, да пешачат, да возат велосипед. Исто така, „новото нормално“ значи дека луѓето ќе продолжат тоа да го прават и по релаксирањето на мерките. Ова е можност за нас да бидеме попријателски настроени кон околината, да научиме од предизвиците со кои се соочивме и да видиме што треба за да се прилагодиме. Мислам дека имаме можност да изградиме подобро, овојпат да бидеме поотпорни. Видовме ранливи групи граѓани, тие се еден од нашите фокуси, но многу од овие групи покажаа дека можат да бидат силни. Работиме со деца, со жени, жените водат домаќинства и луѓето не треба да заборават дека често жените се тие што пружаат нега. А во ситуацијата на ковид-19 пружањето нега е и можност за ранливост, но видовме дека заедниците се сплотуваат за заедно да работат. Мислам дека имањето повеќе глобална солидарност е значаен дел од градењето подобра иднина. Исто така, регионалниот аспект-како земјите успеваат да соработуваат за општествата да функционираат. Мислам дека многу лекции се научија и градењето нешто подобро ни овозможи да бараме повеќе дигитални решенија, барање одржливи нешта во смисла на животната средина, намалување на загадувањето. Има и можности за заедниците да осознаат како тие самите успеаја да се грижат сами за себе. На пример, ако имате соседи кои се во карантин, а им треба поддршка, помош, некој да им купи храна, заедниците рекоа – да, вистина е дека има глобална солидарност, но ви треба локална акција.
Далу ОН имаат планови, стратегии за во иднина, за да се спречат глобални ситуации како оваа?
Мислам дека од секоја кризна и вонредна ситуација може да се научат лекции. Веќе ја споменав глобалната солидарност, видовме што неодамна се случи со развојот на нова вакцина. Слушнав дека земјите од светот намениле 8 милијарди евра за луѓето заедно да соработуваат во изнаоѓањето вакцина. Во иднина, учењето лекции за тоа како разни заедници ќе се здружат, или како ќе се координира една земја, како и брзата имплементација на превенцијата – тоа беше една од успешните приказни во земјава, брзо имплементирање на олеснувачки мерки како спречување на ширење на вирусот и негово следење. Мислам дека кога ќе видите што имавме и што научивме може да продолжите да работите на превенција.