На снимките што ги објави ресторанот „Боем“ може да се види како крадецот, со маска и качулка, влегува во кујнатa и се обидува да ја отвори кутијата во која се собираат средства за донации за сиромашни
Крадец ограбил ресторан во Велес, така што ги собрал парите од кутијата за донации.
На фејсбук страницата на велешката гостилница „Боем“ се објавени и видеа од настанот, односно снимки од безбедносните камери, на кои се гледа како крадецот, со маска и качулка, влегува во кујнатa и се обидува да ја отвори кутијата во која се собираат пари за донации за сиромашни.
„Мака мачиме со донации , со пари и храна, за да исхраниме гладни усти , на оние на кои им е најпотребно. .Мисијата ја продолжуваме и понатаму. Сакам да го поздравите дечкото, ако го знаете, и да го поканите на кафе и топол оброк .Ја скршил вратата од задната страна на гостилницата и главна цел му биле пари и материјални средства. Акцијата денес со бесплатно бело гравче продолжува по нормален тек“,
се наведува во објавата на гостилницата.