На фејсбук-страницата на манастирот е објавена и видеоснимка од безбедносните камери во верскиот објект, на кои е документирана кражбата. На снимката се гледа како маж со фантомка влегува во објектот, оди кон масата каде што се вршат продажбите на свеќи и со себе ја зема фиоката со пари
Ноќта помеѓу 22 и 23 април бил ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Обршани, Општина Кривогаштани. Информацијата за грабежот е објавена на фејсбук-страницата на манастирот.

„Во текот на ноќта манастирот ‘Успение на Пресвета Богородица’ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор“,
стои во објавата на фејсбук-страницата на манастирот објавена на 23 април.
На фејсбук-страницата на манастирот е објавена и видеоснимка од безбедносните камери во верскиот објект, на кои е документирана кражбата. На снимката се гледа како маж со фантомка влегува во објектот, се упатува до масата каде што се вршат продажбите на свеќи и со себе ја зема фиоката со пари.
Според видеоснимката, настанот се случил во 3 часот по полноќ на 23 април.
Освен снимката, манастирот на својот фејсбук-профил објави и фотографија од лицето за кое постои сомнеж дека го извршило грабежот и апелира доколку некој го познава, да го извести манастирскиот одбор.