Ова е првпат американско вселенско летало да ја допре Месечината откако тоа последен пат го направи екипажот на НАСА од мисијата „Аполо 17“ во декември 1972 година. Истовремено станува збор за прво комерцијално летало што стапнало на Месечевата површина по минатомесечниот неуспех на „Перегрин еден“ (Peregrine One), мисија која, исто така, беше во партнерство на НАСА со приватната компанија „Астроботик“
Соединетите Американски Држави (САД) се вратија на површината на Месечината по првпат по повеќе од половина век откако леталото „Одисеј“, кое е конструирано од приватна компанија, се спушти на Јужниот Пол на Земјиниот природен сателит по 73-минутно спуштање, пренесуваат светските медиуми.
Инаку, додека во Американската вселенска агенција (НАСА) траеше прославата за подвигот, кој агенцијата го поздрави како „џиновски скок напред“, сè уште немало непосредна потврда за статусот и состојбата на модулот, освен дека слетал на планираното место кај кратерот Малаперт А, пишува „Гардијан“.
Сепак, подоцна од „Интуитив машинс“ (Intuitive Machines), компанија од Тексас, чија креација е првото комерцијално летало што слетало на Месечината, соопштиле дека леталото е исправно и оти почнало да испраќа податоци.
Во соопштение објавено на социјалната платформа Икс, од компанијата велат дека менаџерите на мисијата работата на обработка на првите снимки од површината на Месечината.
After troubleshooting communications, flight controllers have confirmed Odysseus is upright and starting to send data.
— Intuitive Machines (@Int_Machines) February 23, 2024
Right now, we are working to downlink the first images from the lunar surface.
Таканареченото „меко слетување“ што се случи вчера, а на кое Стив Алтемус, основачот на компанијата, му даде 80 отсто шанси за успех, е дизајнирано да отвори нова ера на истражување на Месечината, додека во меѓувреме НАСА работи на мисија за испраќање на луѓе таму до крајот на 2026 година.
„Добре дојдовте на Месечината“,
рече Алтемус при слетувањето на леталото на површината на Земјиниот природен сателит.
Инаку, ова е првпат американско вселенско летало да ја допре Месечината откако тоа последен пат го направи екипажот на НАСА од мисијата „Аполо 17“ во декември 1972 година. Истовремено станува збор за прво комерцијално летало што стапнало на Месечевата површина по минатомесечниот неуспех на „Перегрин еден“ (Peregrine One), мисија која, исто така, беше во партнерство на НАСА со приватната компанија „Астроботик“.
Your order was delivered… to the Moon! 📦@Int_Machines‘ uncrewed lunar lander landed at 6:23pm ET (2323 UTC), bringing NASA science to the Moon’s surface. These instruments will prepare us for future human exploration of the Moon under #Artemis. pic.twitter.com/sS0poiWxrU
— NASA (@NASA) February 22, 2024
„Денес, првпат по повеќе од половина век, САД се вратија на Месечината. Денес, првпат во историјата на човештвото, комерцијална компанија, американска компанија, започна и го водеше патувањето до таму. Каков триумф. ’Одисеј’ ја зазеде Месечината. Овој подвиг е огромен скок напред за целото човештво“,
рече Бил Нелсон, администратор на НАСА.
Today, for the first time in half a century, America has returned to the Moon 🇺🇸.
— Bill Nelson (@SenBillNelson) February 23, 2024
On the eighth day of a quarter-million-mile voyage, @Int_Machines aced the landing of a lifetime.
What a feat for IM, @SpaceX & @NASA.
What a triumph for humanity.
Odysseus has taken the Moon. pic.twitter.com/JwtCQmMS2K
Инаку, нема видеоснимка од целосното автономно спуштање на „Одисеј“, но камерата направена од студенти на аеронаутичкиот универзитет „Ембри-Ридл“ во Флорида била дизајнирана да паѓа и да фотографира непосредно пред допирот, а камерите на НАСА биле поставени да ја фотографираат земјата од леталото.
Шестоаголниот модул за слетување „Нова-Ц“ од 4,3 метри, кој вработените во компанијата го нарекуваат „Оди“, е дел од иницијативата на НАСА за користење комерцијални услуги за транспорт до Месечината, во рамките на која Агенцијата им доделува договори на приватни компании, главно за поддршка на програмата „Артемида“.
Во конкретниот проект НАСА инвестира 118 милиони долари за тргнување од Земјата, додека „Интуитив машинс“ финансираше дополнителни 130 милиони долари пред лансирање на „Одисеј“ на 15 февруари од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида со ракета „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск.
Мисијата на НАСА е фокусирана на собирање податоци од лунарната средина во карпест регион за кој се верува дека е богат со замрзната вода, што потенцијално може да се искористи за поставување на постојана лунарна база која би била од клучно значење за иднините мисии на планетата Марс со човечки екипаж.
Научниците минатата година објавија дека веруваат дека ситните стаклени зрна расфрлени по површината на Месечината содржат потенцијално „милиони тони вода“ што може да се извлечат и да се користат во идните мисии.