Снимките од железничката несреќа во градот Темпи во сојузната американка држава Аризона во јавноста се опишани како „сцени од пеколот“.
До несреќата дошло откако товарен воз излетал од шините, избувнал пожар и се разурнал дел од конструкцијата на мостот над езерото во Темпи. Дел од вагоните на возот паднале во езерото.
Дел од медиумите во САД јавија дека на едно лице му е пружана медицинска помош поради вдишување голема количина чад.
Од локалната противпожарна бригада информираа дека возот превезувал „опасен материјал“ и апелираа граѓаните да не се приблужуваат до местото на несреќата.
Во пожарот зафатени биле и неколку автомобили.
Екипата која управувала со возот не е повредена.
A freight train derails and catches fire in Tempe, Arizona https://t.co/QHHMRgsIZh pic.twitter.com/gY9GLuqdNm
— Reuters (@Reuters) July 29, 2020