Според штипската телевизија Стар, осомничен за пукањето е Бедри Полат кој е во бегство

Штипската телевизија Стар на својата Фејсбук страница објави снимка од вооружениот инцидент кој се случил вечерва во кафуле во Штип во кој со пиштол било рането едно лице.
Видеото е вознемирувачко.
Според телевизијата, осомничен за пукањето е Бедри Полат кој е во бегство.
Како што информираа од полицијата, повреденото лице е префрлено во болницата во Штип, а се трага по напаѓачот.