Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 4 јули 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание:
– Владата пред усвојување на реформската агенда од Планот за раст со кој Северна Македонија треба да добие 750 милиони евра од ЕУ – што велат доскорешната државна секретарка во СЕП, Дрита Абдиу-Халили, и министерот за европски прашања Орхан Муртезани;
– Интервју со Дејвид Гир пред завршување на неговиот амбасадорски мандат: за односите на земјава со ЕУ по изборите, ставот на новата влада кон Договорот од Преспа, тезата на премиерот за репреговарање на Договорот со Бугарија, идејата за распуштање на Судскиот и на Советот на јавни обвинители;
– Од Скопје до Сопиште со автомобил сè уште не може да се стигне преку Водно – зошто;
– „Саботажа“.