Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 1 април 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во изборната единица 4, Александар Николоски
„Многу далеку сме од каква било соработка со ДУИ. За мене лично тоа е затворено прашање. Мислам дека соработка помеѓу ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ… и ДУИ е невозможна“, вели Александар Николоски во новото издание на емисијата „360 степени” на МРТ 1 прашан дали ВМРО-ДПМНЕ би соработувала со ДУИ ако партијата на Али Ахмети има многу подобар изборен резултат од коалицијата на опозициски партии на Албанците. Со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во изборната единица 4 разговараме и зошто партијата реши да оди со речиси идентична кадровска понуда како на изборите во 2020 година и дали има причина за „бегство од родниот крај“, со оглед на тоа што меѓу носителите на ВМРО-ДПМНЕ само тој не потекнува или не живее во изборниот регион во кој ќе ја предводи листата. Тема во интервјуто се и уставните измени, односите со Бугарија и (не)важноста на ова прашање при формирањето идна влада.