Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 3 октомври 2022 г. на ТВ Алсат
Во оваа епизода:
– Колку е стабилно парламентарното мнозинството: Трајанов од Демократски сојуз се залага за широка коалиција со учество на ВМРО-ДПМНЕ, „Огнениот“ пратеник на ДУИ Меџити најавува дека нема да гласа „сè што доаѓа од извршната власт на Груби“;
– В четврток во Прага прв собир на Европската политичка заедница, иницијатива на Емануел Макрон – дали се промовира алтерантива за проширувањето на ЕУ: За „360 степени“ зборуваат францускиот амбасадор Бомгартнер и шефот на дипломатијата Османи;
– Кратко интервју со Владимир Дробњак, поранешниот главен преговарач на Хрватска со Европската Унија – може ли Северна Македонија до 2030 г. да стане членка на ЕУ;
– Во време на економска криза – увезени рекорден број нови автомобили во последната деценија во земјава: Зошто и како;
– Нова „Саботажа“.