Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 19 ноември 2026 г. на МРТ 1
Во ова издание на „360 степени“ донесуваме:
– за возење без положен испит, еден возач останал без својата „хонда“, а друг, кој возел „мерцедес“ на мајка си, добил условна и парична казна, а автомобилот останал во семејството; ги анализираме првите пресуди по измените на Кривичниот законик – од што зависи дали судот трајно ќе го одземе возилото;
– како Народната банка проценила дека белградска Алта банка ги исполнува условите да ја преземе Стопанска банка Битола; проверивме што можело да се знае за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура пред 1 септември 2025 година; го побаравме и решението со кое е одобрено преземањето, но Народната банка не ни го даде;
– во Скопје, Институтот „Конфуциј“ при УКИМ организира натпревари за познавање на кинескиот јазик и култура; во САД, Пентагон гледа безбедносен ризик во работењето на ваквите центри; што работи скопскиот институт и кој врши надзор врз него;
– градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара Владата да прогласи кризна состојба и да му ги даде овластувањата за за десет дена да го реши долгогодишниот проблем со кравите што слободно се движат низ градот и околните села; го прашуваме што договорил со централната власт на вчерашната средба;
– во „Саботажа“ – што го натера еден прилепски советник среде седница да признае дека Битола е „светлосни години понапред“; во Аеродром, пак, советник отишол во продавница пред да дојде на седница – за да покаже колку чини филтер за гориво кога го купува сам, а колку кога го плаќа Општината.
