Ударите врз Киев доаѓаат откако рускиот претседател Владимир Путин вети остар одговор за украинските напади врз Кримскиот мост што ги поврзува Русија и Крим – инфраструктурен објект кој оваа недела во три наврти беше цел на украинските
Освен главниот град Киев, во текот на ноќта и утрото цел на напади биле и други украински региони, од каде пристигнуваат информации за повредени лица и оштетена инфрастурктура
Три лица ги загубиле животите, а околу 15 се повредени во масовен руски ракетен напад врз Киев, во кој се погодени три клучни моста преку реката Дњепар, пренесуваат светските агенции. Станува збор за најжестокиот удар врз сообраќајната инфраструктира што ги поврзуваат левиот и десниот брег на украинската престолнина од почетокот на руската инвазија на земјата.

Според информациите што на Телеграм ги објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, руски балистички проектили ги погодиле мостовите „Подилско-Воскресенски“, „Дарницки“ и „Пивдењи“. Нападите, проследени со серија експлозии во раните утрински часови денеска, предизвикале пожари и оштетувања на критичната инфраструктура и околните објекти.
„Поради нападите, одредени сообраќајници се целосно затворени или сообраќајот на нив е ограничен, што сериозно го отежнува движењето на жителите во градот со околу три милиони луѓе, кои секојдневно користат шест главни моста“,
соопшти Кличко.
Одмазда за нападите на Кримскиот мост
Ударите врз Киев доаѓаат откако рускиот претседател Владимир Путин вети остар одговор за украинските напади врз Кримскиот мост што ги поврзува Русија и Крим – инфраструктурен објект кој оваа недела во три наврти беше цел на украинските.
Освен главниот град Киев, во текот на ноќта и утрото цел на напади биле и други украински региони. Локалните власти преку Телеграм информираа за нови цивилни жртви и штети од напади со беспилотни летала. Според информациите пет лица се повредени во Днепропетровската област, каде дронови погодиле станбени згради.
Во Харков, вториот по големима украински град, повредени биле четири лица при удар на руски дрон врз болница, додека едно лице е повредено во Запорожје каде дрон погодил трамвај.
Новинската агенција „Ројтерс“, за која очевидци во Киев ги потврдиле утринските детонации, наведува дека засега не може од независни извори да ги потврди информациите од терен. Инаку, и Русија и Украина официјално ги отфрлаат обвинувањата дека намерно гаѓаат цивилни цели, додека војната меѓу двете земји е во својата петта година од почетокот на руската инвазија.
Cette nuit, Kiev a subi plusieurs vagues de frappes de missiles des forces armées russes, parmi lesquelles figuraient des missiles "Iskander" et "Tsirkon". Le pont Podolsko-Voskresenski a été endommagé. Des impacts ont été enregistrés sur le pont Sud. La circulation de la rive droite vers la rive gauche est actuellement interrompue. Le pont Darnitski a également été endommagé. L’ampleur des dégâts ne pourra être évaluée qu’après la fin de l’alerte aérienne qui est toujours en cours.
— Renard Jean-Michel (@Renardpaty) November 20, 2026
Геополитички тензии во позадина на ескалацијата
Најновата ескалација на теренот се случува во чувствителен дипломатски момент. Вчера (19 ноември), европските сојузници упатија остра порака, предупредувајќи нема да дозволат да бидат исклучени од било какви преговори за постигнување мировно решение за Украина. Реакцијата на европската „Коалиција на подготвените“ уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп, на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, го нарече рускиот лидер Владимир Путин свој пријател.
