Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 29 јануари 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ
Не е точно дека станав министер за внатрешни работи во техничката влада поради пријателската релација со Христијан Мицкоски, вели новиот министер за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, одговарајќи на наводите од СДСМ дека во отсуство на професионален кадар личната релација со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ била клучна за неговата номинација. Во интервјуто за 360° на МРТ 1, Тошковски зборува и за средбите со досегашниот министер Оливер Спасовски и со дополнителниот заменик-министер од редовите на СДСМ, Митко Бојмацалиев. Тема е и неговиот однос кон премиерот Талат Џафери и најавата од Мицкоски дека министрите од оваа партија нема да му даваат отчет на Џафери и нема да одат на владини седници. Тошковски го прашуваме и што планира да преземе за олеснување и забрзување на замената на личните документи. Во интервјуто слушнете и какви смени планира тој во структурата на МВР.