Економистите очекуваат ЕЦБ да одговори со зголемување на каматната стапка од 2,25 на 2,50 отсто и да сигнализира дека е подготвена дополнително да ги заостри ако изгледите за инфлација не се подобрат

Европската централна банка изгледа дека ќе ги зголеми каматните стапки по втор пат оваа година, обидувајќи се да го спречи порастот на инфлацијата предизвикан од енергетскиот фактор, предизвикан од војната со Иран, пишува Ројтерс.
Нападите од двете страни од крајот на август го прекинаа месецот на релативен мир, при што САД и Иран ги погодија воените, бродските и енергетските сектори. Тоа повторно ги доведе цените на нафтата над 100 долари за барел и ги оживеа стравувањата за бран зголемување на цените во еврозоната, која увезува гориво.
Економистите очекуваат ЕЦБ да одговори со зголемување на каматната стапка од 2,25 на 2,50 отсто и да сигнализира дека е подготвена дополнително да ги заостри ако изгледите за инфлација не се подобрат.
„Зголемувањето во септември изгледа речиси извесно. Инфлацијага и натаму е висока и би требало да остане на исто ниво во следните неколку месеци, пред да почне да опаѓа во втората половина од следната година “,
рече Алесија Берарди, раководител на глобалната макроекономија во Инвестицискиот институт Амунди.
Одлуката на ЕЦБ ќе биде соопштена по состанокот на Управниот совет во Берлин каде се петседателката Кристин Лагард и нејзините колеги.
Според пишувањата на Ројтерс, финансиските пазари предвидуваат уште едно зголемување на каматните стапки оваа година, по што ќе следат уште еден или два потега следната година.
Економистите, пак, сметаат дека потегот, што денеска се очекува да го донесе ЕЦБ, може да биде последен засега, а сè поголем број гледаат ризик дека може да биде потребно дополнително заострување.
Една од причините зошто последователните зголемувања на каматните стапки може да бидат ограничени е тоа што условите за финансирање веќе се заострија, бидејќи долгорочните приноси од обврзниците достигнуваат максимум што не се видени од пред глобалната финансиска криза, што ги одразува загриженоста за инфлацијата и загриженоста за зголемувањето на државниот долг.
