Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 21 мај 2026 г. на МРТ 1
Во новото издание на емисијата донесуваме:
– имавме увид во исказите кои пред ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ги дале двајцата вработени во ЕСМ, чие сведочење е меѓу главните аргументи на предметната јавна обвинителка да ја затвори истрагата за случајот „Мазут“; од Електрани велат дека сведоците биле пратени за да објаснат технички аспекти од процесот и немале ингеренции да говорат за штета;
– во 19 дена кампања пред првиот круг од локалните избори, Агенцијата за медiуми регистрирала вкупно 810 објави на профилите што ги следеле, од кои 306 биле на тема избори и политика; потребна ли е предизборна регулација на инфлуенсерите;
– и по четири години откако Вишиот управен суд потврди поништување на денационализација на парцела во Скопје, со што таа треба да се врати кај државата, пресудата не е извршена; во меѓувреме, на спорното земјиште се впишува трговски центар;
– за предлогот на Мерц за проширувањето на ЕУ, случајот со Македонија, внатрешнополитичката состојба во Србија – краток разговор со Горан Свилановиќ, ексшеф на дипломатијата на СРЈ и генсек на Советот за регионална соработка;
– „Саботажа“.
