Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 22 октомври 2026 г. на МРТ 1
Во ова издание:
– набавката на фингерпринт-уредите не заврши со сметката од 11,2 милиони евра од 2021 г ; ДИК е пред нов милионски тендер – ги анализираме долгорочните трошоци и прашањето што требало да се предвиди уште пред пет години;
– новите амбулантни возила пристигнаа, но недостигот од кадар останува; за цело Скопје ноќе има само пет екипи на Итната помош – може ли најавената реформа со парамедици да го скрати чекањето помош;
– различна конкуренција за различни категории во набавката на 108 возила за МВР; ги анализираме тендерските услови: некаде повеќе понудувачи, некаде само еден, а некаде без понуда;
– колку е далеку европскиот просек на благосостојба – со сегашните трендови, приближувањето би траело уште 52 години; разговор со Виктор Митевски и Ана Милинковиќ за причините за бавниот напредок и за промените што можат да го забрзаат;
– „Саботажа“.
