Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 30 јануари 2025 г. на МРТ 1
Во оваа епизода објавуваме:
– Само една компанија се пријавила на повикот за јавно-приватно партнерство за изградба на катни гаражи и управување со паркирањето во Клиничкиот центар; инвестицијата е проценета на 10 милиони евра, добивката за 20 години на 18,5-20,5 милиони евра, а за државата се предвидени еден отсто од годишните приходи;
– Дали приватниот партнер ќе добие „златна кокошка“ и зошто државата не е инвеститор – прашања до министерот за здравство Арбен Таравари во разговорот на тема – паркирање во Клинички;
– Што претставува биолошката терапија и какви се последиците за болните од канцер ако не ја земаат навреме – сторија среде уште една криза на Клиниката за онкологија;
– Реакции на засегнати по најавите за укинување на Логика и Етика и сведување на Филозофија на изборен предмет во гимназиите;
– „Саботажа“.