Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на седумнаесеттиот конгрес си го реизбра актуелниот лидер Христијан Мицкоски. Епилогот звучи едноставно, но церемонијата, од регистрација на делегати, преку говори и аплаузи, до тајно гласање за еден кандидат, траеше цел ден.
Новопромовираната идеја од конгресот е повикот за нов договор во општеството што потсетува на Новиот договор на американскиот претседател Френклин Рузвелт од триесетите години на минатиот век заради економско опоравување на САД во тоа време.
Повеќе за атмосферата во салата „Јане Сандански“ во Скопје погледнете во видео-сторијата на „360 степени“.