Од УХМР најавија дека попладнево во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а слично време –многу топло претпладне и нестабилно попладне се очекува и за утре
Невреме од пороен дожд, силен ветер и грмотевици денеска околу 15 часот и 30 минути го зафати Скопје. Телевизија 21 објави видео снимки на кои се гледа дека дождот со силен интензитет поплавил повеќе улици во главниот град, а не некои места има и откорнати дрвја.
Од УХМР најавија дека попладнево во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а слично време – многу топло претпладне и нестабилно попладне се очекува и за утре.
И во следните денови продолжува периодот на многу топло време, а поради влијание на циклонска активност од исток, во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со град и силен ветер, велат од УХМР.