Автомобил кој постојано вози на левата лента. Вакво видео до „360 степени“ вечерва испрати загрижен возач. Тој вели дека се движел на патот Кадрифаково – Свети Николе додека несовесниот возач, кој возел пред него, возел на погрешната лента. Вели дека за 15 минути можел да предизвика три сообраќајни несреќи.
„Пред неполн час на патот Кадрифаково – Свети Николе за неполни 15 минути за среќа беа избегнати 3 страшни сообраќајки. Велам, за среќа, бидејќи возачите од спротивна насока излегоа надвор од патот за да не се удрат. Дали среќата го послужила возачот и наредниот период, не знам. Она што го знам е дека и по пријава во полиција, никој не се појави до моментот кога мојот пат и патот на ‘совесниот шофер’ од сликите и видеото се разделија. Дали по страшната сообраќајка на ист начин од пред недела дена кога имаше и загинати лекцијата не се научи“,
вели возачот што пред малку ни го испрати видеото.