Со солзавец и водени топови полицијата се обиде да ги растера илјадниците демонстранти кои денеска во Брисел маршираа против ковид-мерките и вакцинацијата.
Демонстрантите на маршот извикуваа „Слобода!“ и тврдат дека ги бранат човековите права и демократијата. Собирот стана насилен, се кршеа и излози низ градот и се фрлаа факели, по што полицијата одговори.
Присутните ги игнорираа упатствата дека демонстрациите се завршени и дека треба да заминат.
Маршот следува по демонстрациите и во другите европски метрополи против ковид-мерките што европските влади ги наметнаа со надеж дека ќе стават крај на пандемијата.