Народниот правобранител има обврска да реагира и да преземе дејствија по однос на случаи како „Јавна соба“. Ова го велат Ирена Цветковиќ од Коалиција „Маргини“ и Уранија Пировска од Хелсиншки комитет во вечерашното издание на „360 степени“.
„Омбудсманот досега, да не зборувам на новоизбраниот, беше глув и слеп кога стануваше збор за ваквите видови на човекови права и за ЛГБТ-заедницата и за повреди на правата на жената. Се надевам дека новиот омбудсман повеќе ќе води сметка за тоа и секако дека тоа е работа на народниот правобранител. Да следи што ќе се случува, бидејќи тој треба да постапува кога станува збор за пропусти на институциите“,
појаснува Пировска.
Додава дека не мора да има претставка до него, туку тој може и по службена должност да покрене постапка од информации добиени од јавноста.