Покрај тројцата загинати, уште десеттина луѓе се сметаат за исчезнати по лизгањето на земјиште на италијанскиот остров Искја, а спасувачите ја засилија потрагата по нив придружувани од нуркачи
Најмалку три лица, меѓу кои и една многу млада девојка, загинаа по вчерашното лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови на јужниот италијански остров Искја, објавија локалните власти, јавува ХРТ.ХР.
Десеттина лица се уште се сметаат за исчезнати, а вработените во итната помош ја засилаја потрагата по нив. Спасувачите цела ноќ трагаа по исчезнатите кои останаа затрупани под калта. Денеска на спасувачите им се придружија и нуркачи кои ги пребаруваа водите во близина на пристаништето Казамициоле, каде куп кал и камења вчера паднаа од највисоката точка на островот покривајќи куќи и патишта.
Снимките од воздух покажуваат згради уништени од лизгање на земјиштето, а еден локален жител настанот го опишува како „водопад од вода и кал“.
Италијанската влада на делешниот состанок издаде уредба за обезбедување итна помош за луѓето на кои им е потребна по катастрофата, а на островот е прогласена вонредна состојба. Најавена е првична помош од два милиони евра, како и привремено прекинување на плаќањето данок за жителите до крајот на годината.
Потрагата ја отежнува постојаниот дожд и силниот ветер што го одложи и пристугнувањето на траектот со помош за островот.
Поради лизгањето на земјиштето, улиците се прекриени со кал, урнати се дрвја, а автомобили се однесени се до морето. Се урна и една куќа, а две лица се спасени од автомобил кој се движел кон морските води. Насекаде се видливи остатоци од автомобили и автобуси згмечени од одрони со камења.
Во неделната молитва одржана пред десетици илјади верници собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата Франциско се помоли за погодените од катастрофата.
„Сочувствувам со населението на островот Искја, погодено од поплавите. Се молам за жртвите, за оние кои страдаат и за сите кои дојдоа да помогнат“,
рече тој.