Силната експлозија во либанскиот главен град Бејрут одзеде 10 животи, а повредени се стотици лица, објави Ројтерс. Ова е најмоќна експлозија што го погодила Бејрут, по што дел до жителите помислиле дека се работи за земјотрес.
Експлозијата се случила на градското пристаниште, а била почувствувана и на неколку километри оддалеченост.
Целосно се распаднати фасадите на неколку објекти, лoцирани во близина на бејрутското пристаниште. Оштетени се и станбени згради и деловни простории. На силната експлозија и претходеле помали детонации.
Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив. Според неименувани безбедносни извори експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанци.