Дождовите што изминативе денови ја зафатија земјава и главниот град Скопје оставија на повеќе места „мали езера“, а едно момче на хумористичен начин критикува за поплавените улици.
Момчето се подготвило како за на плажа со пешкир, кратки шорцеви за пливање и средство за сончање и се упатило “на плажа” во скопската населба Аеродром.
„Не знам што барате во Охрид, кога и Аеродром има езеро“,
вели тој и влегува во „езерото“.
Видеото е објавени на една од најпопуларните социјални мрежи „ТикТок“, но набрзо се прошири низ целиот македонски интернет простор.