Откако водителот ја погоди нејзината работа, за што постави уште неколку прашања, на крајот рече: Вие сте Македонката?

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска беше гостинка на Макс Клименко, инфлуенсер и продуцент што интервјуира луѓе качени на работничка скала. Серијалот што го објавува на социјалните мрежи му се вика „Скала на кариерата“.
На почетокот од разговорот, водителот повикувајќи ја Шекеринска да се качи на скалата и напомена дека нејзината работа ќе ја погоди за две минути нагласувајќи дека ако тоа не се случи може да се симне и никогаш да не открие што работи.
Дел од прашањата на кои Шекеринска одговараше беа дали нејзината работа е со висок статус, дали им помага на луѓето, дали е креативна. На сите овие прашања Шекеринска одговори позитивно.
На следното прашање: Ако вашата работа беше јадење, што ќе беше?, Шекеринска на смеа одговара мусака, прашувајќи го водителот дали знае што е тоа за што доби позитивен одговор.
„Значи се се става во истото тавче“,
рече Шекеринска.
Останатите прашањата на кои Шекеринска одговораше беа понасочени кон НАТО.
– Дали сте на политичката страна или на воената страна?
– На политичката.
– Дали комуницирате со војската?
– Да.
– Кој е најпознатиот човек што сте го запознале со вашата работа?
– Запознавам многу луѓе, многу премиери…
– Значи понекогаш запознавате лидери на држави?
– Да.
– Дали запознавате бизнисмени?
– Во последно време, да.
На следното прашање дали водителот може да ја работи нејзината работа, Шекеринска рече:
„Со малку повеќе искуство, малку грешки, малку успеси и малку падови. Мислам дека ти требаат и падови за да одиш нагоре по скалата“.
Откако водителот ја погоди нејзината работа, за што постави уште неколку прашања, на крајот рече:
„Вие сте Македонката?“
По ова Шекеринска се обрати на македонски јазик велејќи дека и е драго што го гледаат овој серијал, и ги повика и другите да се качат по скалата.